Ѓорѓи Ѓорѓиев со Париз Волеј освои злато и промоција во Франција

Екипата на Париз Волеј во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев стана шампион во француската Лига Б и обезбеди промоција во одбојкарската елита на земјата наредната сезона.

Во финалната серија до две победи, Париз стигна до триумф со 2-1. Благодарение на третиот натпревар, односно „мајсторката“, во која фаворитот со 3-0 во сетови (25-17, 26-24, 25-15) славеше над Назаир.

За македонскиот репрезентативец Ѓорѓиев ова е нов успех, по трофеите со турски Мили Пјанго, како и бугарска Марек Дупница.