Ѓорѓи Ѓорѓиев се раздели со француски Париз Волеј

Македонскиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе бара нов клуб, затоа што во иднина нема да остане дел од француски Париз Волеј.

Клубот и одбојкарот се разделија, а веќе е пронајдена и неговата замена. На местото на Ѓорѓи Ѓорѓиев кој настапува на позицијата техничар во тимот доаѓа Аксел Трутчев од Ажаксио.

27-годиниот струмичанец две сезони мина во Франција, а претходно играше за Мили Пјанго во Турција каде соработуваше со Јошко Миленковски, како и во бугарски Марек и македонска Струмица.

Париз Волеј ја заврши сезоната во Лига А на деветтата позиција.