Ѓорѓи Ѓорѓиев една година во полски Завјерче

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Полска каде ќе го носи дресот на Завјерче.

27-годишниот струмичанец минатата сезона ја одигра во дресот на француски Париз, арно ама двете страни се разделија. Ѓорѓиев веднаш по раскинот најде нов ангажман и потпиша едногодишен договор со полскиот клуб.

Техничарот две сезони мина во Франција, а претходно играше за Мили Пјанго во Турција каде соработуваше со Јошко Миленковски, како и во бугарски Марек и македонска Струмица.

Завјерче ја заврши сезоната во полската најквалитетна лига на десеттата позиција.