Ѓоргиев избран за МВП, Фридриксхафен го одведе во четвртфиналето на Купот

Македонскиот одбојкарски капитен, Никола Ѓоргиев, бележи одлични настапи во својот нов клуб Фридриксхафен, а вчера се здоби со признанието за најкорисен играч во осминафиналниот натпревар од Купот на Германија.

Коректорот од Струмица до МВП наградата стигна откако запиша нова фантастична партија. Ѓорѓиев беше најдобриот поединец на паркетот и со 22 поени, од кои два беа од севрис, го водеше својот тим до голема победа над Хајтек Волеј од 3-1 во сетови и пласман во четвртфиналето во Купот.

Нашиот најдобар одбојкар беше присебен во клучните моменти од натпреварот, односно во третиот и четвртиот сет, во кои беше речиси и непогрешлив.