Ѓоко Јосифов ново име во засилениот ОК Вардар

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓоко Јосифов ќе игра во нашата земја и во иднина ќе го носи дресот на одбојкарскиот клуб Вардар.

„Џинот“ на македонската одбојкарска репрезентација значително го засилува составот на вардарци, што е воедно најава и за супер-интересен втор дел од сезоната во одбојкарскиот шампионат.

Јосифов заедно со повратникот Ристо Клопчески ќе формираат силна блокерска двојка на средината од мрежата. Составот е дополнително засилен и со екс-репрезентативецот Влатко Трајчевски, кој ќе придонесе за стабилноста во редот на примачите.

ОК Вардар на паузата се наоѓа на третото место на табелата зад Универзитет Тетово и Струмица.