• Зоран Мишевски

Одбојкарската репрезентација на Германија пропушти можност за прворазредна сензација во рамките на второто коло на олимпискиот турнир. Бундес-тимот се врати од 0-2, но немаше енергија и искуство да ги победи американските одбојкари, кои одиграа подобар петти сет. Повеќе од два часа љубителите на одбојката уживаа во дуелот на две различни по стил репрезентации, а „јенките“ на крајот се радуваа со 3-2 (25-21, 25-17, 17-25, 20-25, 15-11).
Американскиот тим делуваше моќно, се чинеше дека тоа ќе биде рутинска победа, како oнаа утринската на Италија против Египет, но потоа се разбудија Германците. Предводени од Грозер и Тил, Германците добија доминатно два села и со „ветер во грб“ влегоа во тај-брејкот.
Сепак, Андерсон и Јешке со индивидуалниот квалитет донесоа победа на Американците, со водство во текот на целиот петти сет.
Американците водат со пет бода, пред Германија со три, а следат Јапонија со еден и Аргентина без бодови. Во оваа група Ц селекциите на Јапонија и Аргентина играат меѓусебе утре од 13:00 часот.