• Горан Упале
Одбојкарките на Газели Волеј се последниот тим што обезбеди пласман на завршниот турнир во одбојкарскиот Куп на Македонија. Во последниот четвртфинален натпревар, одигран синоќа, Газели Волеј убедливо ја совлада екипата на Пелистер Волеј со 3-0 во сетови (25-16, 25-20, 25-13).
Овој успех има посебно значење за тимот на Газели Волеј, бидејќи за првпат во клупската историја ќе настапи на завршниот турнир во Купот.
Покрај нив, место на финалниот турнир веќе обезбедија и екипите на Наковски Волеј, Вардар ЕМ и Младост УГД.