• Зоран Мишевски
Одбојкарките на Газели волеј се нов младински шампион на Македонија. Во завршниот натпревар на финалниот турнир, екипата на Газели Волеј го совлада најголемиот конкурент, екипата на Фит Фан Волеј со 3-1 во сетови.
По освоените пионерско и кадетско првенство на Македонија, во изминатите две години, оваа извонредна генерација одбојкарки ја заокружи својата доминација во земјата. До оваа титула Газели волеј дојдоа со само еден загубен сет и тоа во финалето.
Претходно, во полуфиналниот натпревар од завршниот турнир, Газели Волеј го совлада тимот на Јанта Волеј со 2-0 во сетови (25-17; 25-17).
Претнодно, кај одбојкарите Работнички стана младински шампион во машка конкуренција.