Гавриловиќ: Потребно е време, уште не ни е усовршен системот!

Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби (со по 3-1) и на двата пријателски натпревари со селекцијата на Косово, кои ги одигра во подготвителниот период за учеството во Европската лига 2026.

Ова беа први „тестови“ за екипата откако пред петнаесеттина дена ја превзема новиот селектор Милош Гавриловиќ, за кого овие два натпревари беа и тоа како добредојдени и кои на комплетниот стручен штаб, но и на репрезентативките им дадоа слика и насоки за текот на темпирањето на формата.

„Добро ни послужија овие два пријателски натпревари со Косово за да видиме до каде сме во процесот на работа. Неполн месец е екипата заедно и со мене како нов селектор и јасно е дека уште не ни е усовршен системот, а за тоа е потребно време. Имавме и позитивни и негативни работи. Добро е што има борба, желба и игра, девојките се оптимисти и веруваат во работата и процесот. Од друга страна се виде и дека не се почитува договореното – тоа е нешто на што ќе мора да работиме, потребно е повеќе внимание да посветиме на блокот и одбраната, на сервисот… Има напредок од првиот ден до сега, но не чека уште многу работа. Сепак, најважно е дека имаме визија и желба и она на што ќе се посветиме овие неколку дена до првиот натпревар во Европската лига се корекција на овие елементи, како и подобро воигрување на екипата и подготовка за првиот противник“, објаснува селекторот Гавриловиќ.

Репрезентацијата до четврток ќе тренира во Скопје, додека в петок рано наутро патува за Порто, каде викендот 6 и 7 јуни ги игра првите два натпревари од Европската лига 2026.