Французите по дури пет сета ги приземјија залетаните „орли“

Одбојкарската репрезентација на Франција со победа го отвори турнирот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) кои се играат во Париз.

„Триколорите“ одиграа доста тежок дуел против Србија, кој заврши со резултат 3-2 во сетови (23-25, 25-17, 25-17, 21-15, 15-5). По скоро два часа игра, фаворитот на хартија ја израдува домашната публика против залетаните „орли“ кои одиграа неверојатен натпревар и освоија бодови поради двата добиени сета.

Најдобри кај Франција беа Клевено со 23 и Патри со 22 поени, додека Нгапе имаше 14 поени, а кај Србија се истакнаа Подрашчанин со 13 поени, пред Лубуриќ со 12 поени, додека Ивовиќ, Кујунџиќ и Атанасијевиќ имаа по 10 поени.

Србија во следното коло на олимпискиот турнир игра против Словенија, додека Франција се среќава со Канада.