Француски експерт работи на кондицијата на македонските одбојкари

Македонската одбојкарска репрезентација моментално минува низ подготовките за историскиот настап на Европското првенство кое што ќе се одржи во септември.

Селекторот Никола Матијашевиќ во оваа фаза нема да има можност да ја врати формата на одбојкарите со контролни натпревари. Но, затоа ќе има помош од кондиционен тренер од Франција. Се работи за Шан Пјер Рејно Шоке кој ќе се погрижи нашите репрезентативци да бидат максимално подготвени да ги издржат напорите кои ги носи континенталниот собир.

До 22 јуни, одбојкарската селекција ќе работи во Скопје, а потоа ќе направи тринеделна пауза. Вториот собир е закажан за 14 јули во Маврово.

Во пресрет на Европско првенство, Македонија ќе ги одмери силите со Шведска и Романија, ќе бидат дел од турнирот „Чајка“, а двапати ќе се сретнат и со Австрија.

Групната фаза во Љубљана за нашиот национален тим носи дуели со бранителот на титулата Русија, Белорусија, Финска, Турција и домаќинот Словенија.