Франција рутински ја исфрли Романија и ги чека Италијанците во полуфинале

Француската одбојкарска репрезентација се пласира во полуфиналето на Европското првенство, откако во четвртфиналната фаза ја совлада Романија со убедливи 3-0. 

„Триколорите“ имаа улога на апсолутен фаворит, па тоа го потврдија и на теренот. Романците се обидоа да парираат, во два сета беа и делумно рамноправни, меѓутоа немаа сили за изненадување. 

Првиот сет Французите го добија со 25-22, а веќе во вториот беа далеку поубедливи со 25-14. Во третиот Романија беше најрамноправна, па фаворитот на разлика со 27-25 го затвори дуелот. 

Во полуфиналето, Франција чека подобар од дуелот меѓу Италија и Холандија.