Франција рутински против Канада за втора победа и четвртфинале 

Одбојкарската селекција на Франција ќе ѝ се приклучи на Словенија како четвртфиналист од групата А од одбојкарскиот турнир во Олимписките игри во Париз.

Домашната селекција, по големата победа над Србија во првото коло (3-2), вечерва немаше посериозни проблеми против аутсајдерот Канада и без загубен сет го впиша вториот триумф и го потврди учеството во елиминационата фаза.

Канаѓаните против Словенија за момент покажаа дека може да се носат со најдобрите и освоија еден сет, но против Франција беа тотално немоќни. Во првиот сет освоија 20 поени, еден повеќе во вториот, додека во третиот сет беа најнефикасни и поентираа 17 пати.

Во последното коло Франција и Словенија ќе играат за првата позиција на табелата, додека Србија и Канада ќе се борат за прва победа и какви такви шанси за четвртфинале, бидејќи во осумте најдобри патуваат две од трите третопласирани селекции.