• Горан Упале

Одбојкарскиот клуб Фламинго Волеј Скопје го претстави новото засилување за претстојната сезона. Во екипата пристигнува Теона Славкова, која ќе настапува на позицијата примач.
Славкова има искуство од највисокото ниво на македонската одбојка, а во кариерата настапувала за Вардар Жени и Работнички. Со Вардар во 2021 година освои сребро и во Купот и во првенството.
Новата одбојкарка на Фламинго има и настапи за младинските репрезентативни селекции на Македонија. Клубот очекува нејзиното искуство да донесе дополнителен квалитет во тимот.