• Зоран Мишевски
Прекрасен одбојкарски турнир во организација на Фламинго Волеј се одржа викендов во општинс Кисела Вода, Скопје. Се одиграа вкупно осум натпревари во два дена а главни актери беа играчите од ОК Лесковац, ОК Власина и двете пионерски екипи на домаќинот ОК Фламинго Волеј.
Првиот ден секој играше против секого и според пласманот наредниот ден се одиграа натпреварите за прво и за трето место. Натпреварот зa третото место го играа ОК Власина протв ОК Фламинго Волеј 1 и на крај гостинките од Власотинце славеа победа против домашната помлада екипа.
Финалето помеѓу ОК Фламинго Волеј и ОК Лесковац донесе возбуда и на трибините и на теренот, со долги поени и често менување на водство. Гостинките од Лесковац почнаа подобро и посигурно и имаа водство од 2-0 во сетови, за да во третиот сет после долга борба домаќинките од Фламинго Волеј бидат подобри со 32-30 и 2-1 во сетови. Следуваше пад на играта кај гостинките додека домаќинките понесени од победата на третиот сет релативно лесно го зедоа четвртиот, па финалето се решаваше во петти сет. Во одлучувачкиот сет се играше поен за поен долга исцрпувачка борба на двете страни, во која играчите од ОК Фламинго Волеј се снајдоа подобро и пехарот за победникот заврши во нивни раце.
Беа доделени пехари и признанија на сите учесници како и индивидуални признанија.