Фламинго Волеј домаќин на меѓународен турнир во младинска одбојка

Македонија ќе биде домаќин на првиот меѓународен мини-турнир во организација на Фламинго Волеј од Скопје. Овој викенд на турнирот ќе настапат ОК Власина и ОК Лесковац од Србија на турнирот во одбојка за млади „Пријателство”, кој ќе прерасне во традиција со поголем број учесници во иднина.

„Нашите одбојкарки од Фламинго Волеј ќе настапат со две екип, за кои ова ќе биде тест и можност за напредок пред почетокот на пионерското државно првенство каде исто така ќе бидеме претставувани со овие две екипи“, се вели во сопштението на клубот. 

Натпреварите ќе се играат во салата „Независна Македонија - Дуња“ во Општина Кисела вода, во текот на двата дена од викендот.