ФИВБ донесе тешка одлука и ја откажа Лигата на нации 2020

ФИВБ

Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) денес пренесе соопштение со кое ја информира јавноста дека сезоната во Лигата на нации 2020 година ќе биде откажана.

Челниците на светската одбојка наведоа дека градовите домаќини немаат можност да обезбедат услови за организација на натпреварите. Одлуката беше заедничка на Советот на Лигата на нации, Административниот борд на ФИВБ и организаторите на турнирот.

ФИВБ исто така потврди дека наредната година ќе биде голем предизвик и дека ќе се водат преговори со Кина за организација на финалните турнири во Лигата на нации за 2021 година.

Словенија и Канада, кои добија право за настап оваа сезона, ќе имаат право на учество и наредната година, со оглед на откажувањето на овогодишниот турнир.