• Зоран Мишевски

Пред стартот на разигрувањето за титула, а како одбележување на својот јубилеј - петнаесет години постоење, ЖОК Фит Фан волеј ги израдува своите приврзаници.
Овој женски клуб ги најави претсојните плеј-оф натпревари, каде за првпат ќе се бори за шампионската титула. Со фото-сесија и спектакуларно видео Фит Фан волеј ги освои симпатиите на македонската јавност.
Скопските и струмичките екипи и оваа сезона ќе се борат за шампионската титула во македонската женска одбојка.