• Горан Упале
Одбојкарките на Фит Фан Волеј им се придружија на Работнички Скопје, Наковски Волеј и Јанта Волеј КВ во полуфиналето од Купот на ОФМ во женска конкуренција.
Во последниот четвртфинален меч денес во Скопје, Фит Фан Волеј по голема борба во пет сета го елиминираше Пелистер Волеј. Второлигашот од Битола пружи силен отпор, имаше и водство од 2-0 во сетови, но Фит Фан Волеј беше трпелив и мирно одигра во следните два сета, изедначувајќи на 2-2.
Во решавачкиот сет Пелистер Волеј имаше константна предност до 12-8, но Фит Фан Волеј направи серија од 7-0 и го освои сетот со 15-12, односно конечни 3-2.