Фит Фан Волеј е на победа од задржување на прволигашкиот статус

Одбојкарките на Фит Фан Волеј се на една победа од задржување на прволигашкиот статус и следната сезона.

Во баражот за опстанок тие славеа со 3-1 (25-18, 21-25, 25-15, 25-19) над екипата на Вардар жени во првиот меч од баражот за место во Првата лига.

За да го зачуваат прволигашкиот статус потребна им е уште една победа, во реваншот кој се игра в среда.