Фаворитите победнички стартуваа во првото коло од одбојкарскиот шампионат на Македонија

Викендов во Македонија стартуваше новиот одбојкарски шампионат, со трите средби од првото коло во машка конкуренција. Новата сезона ќе се игра во променет формат и две фази. Првата е со десет екипи кои ќе играат по еднаш меѓусебе, додека втората ќе биде четирикружен систем во кој ќе играат четирите најдобри екипи, додека останатите ќе играат по десет натпревари за конечен пласман.

Натпреварите минаа без изненадувања и со лесни победи, каде екипите кои славеа, не губеа сетови. Вардар кој е еден од фаворитите за висок пласман се радуваше кај УГД Штип со 0-3, а сетовите ги добиваа со 13-25, 19-25 и 20-25. 

Победи запишаа и Весна Пробиштип која ги дочека одбојкарите на Јанта Волеј и со 3-0 (25-20, 25-12, 25-16) славеше прв триумф. Слично мина и Дибра Волеј на гостувањето кај Шкендија и со 25-14, 25-10 и 25-12 ги загуби сите три сета. 

Денес со почеток во 18:00 часот ќе се одржи пресметката меѓу ГОК Борец и Универзитетот од Тетово, додека средбата меѓу Џио Струмица и Лирија беше одложен на барање од гостинскиот колектив.