Фаворитите гостуваат, вардарци слободни во петтото коло

Два значајни натпревара за влез во елитниот сегмент, локално дерби, соочување на дното и еден натпревар со јасна поделба на улогите. Ова е најкратката најава за петтото коло во Првата машка одбојкарска лига. На гостувањето кај Јанта волеј, актуелниот првак Струмица 47&72 е фаворит за да го сочува максималниот ефект и да се радува на четвртата сезонска победа. Откако го загуби првиот меч на теренот на шампионот, Шкендија ќе сервира против Универзитет во Тетово со надеж дека може да остане веднаш зад струмичани. Ланскиот вицепрвак досега настапи трипати, па доколку успее да слави над ривалот, тогаш ќе ги достигне неговите два триумфа.

Толку има и Штип УГД пред утрешната средба во Велес со ГОК Борец, како и Весна Пробиштип која ќе ја има предноста на домашниот терен против Лирија. Тоа се двата натпревара коишто ќе влијаат на математиката за влез во Втората фаза-1, односно за пласманот дошестото место во есенскиот дел. Во него Македонија Џио и Дибра волеј вомеѓусебниот дуел ќе решаваат за да остават некого зад себе иако досега и на Вардар не му оди најдобро. „Црвено-црните“ ќе одмораат во овој термин, па за прв успех ќе чекаат друга можност.

Прва лига (мажи)
Петто коло:

Јанта волеј – Струмица 47&72                (сабота, 14:00)
ГОК Борец – Штип УГД                             (сабота, 20:00)            
Весна Пробиштип – Лирија                      (сабота, 19:00)
Македонија Џио – Дибра волеј                (сабота, 13:30)
Шкендија – Универзитет во Тетово         (понеделник, 20:00)
Слободен: Вардар