• Зоран Мишевски

По едно дерби во највисокиот машки и женски натпреварувачки сегмент и неколку натпревари за подобра позиција во пресрет на преостанатиот дел од сезоната. Тоа е прволигашката понуда за продолжениот македонски одбојкарски лигашки викенд во којшто Работнички Скопје и Јанта волеј ќе се сретнат во реприза на ланските финални соочувања во првенството и во Купот.
Бранителките на двојната круна, одбојкарките на Работнички Скопје, во натпреварот ќе влезат со помал товар затоа што досега остварија две победи повеќе. Во машка конкуренција, Шкендија ќе го пречека ГОК Борец со надеж да направи уште поголема разлика во однос на ривалот, а со тоа да ги отстрани дилемите дека велешани можат да се вмешаат во трката за второто место. Тетовскиот клуб има идентични дванаесет триумфи со водечкиот тим на Струмица Никоб, а два плус во однос на ГОК Борец.
Петдневната одбојкарска програма почна со мечот на Младост УГД и Кумановово Втората лига кај дамите, а штипјанки славеа очекувано со 3-0. Со тоа го задржаа максималниот ефект 13-0, а дали ќе имаат иста или поголема разлика во споредба со Пелистер волеј, ќе зависи од дуелот на битолчанки со Виктори волеј. Резултатско значење има и пресметката на Ускана со Бами Кор затоа што подбриот состав ќе ја задржи математиката за втората позиција којашто обезбедува бараж за влез во елитата наредната сезона.
Прва лига (мажи)
Втора фаза-1, (Четврто коло)
Струмица Никоб - Лирија (сабота, 13:00)
Шкендија - ГОК Борец (сабота, 18:00)
Работнички 47&22 – Весна Пробиштип (сабота, 20:30)
Универзитет во Тетово - Петровец (сабота, 20:00)
Слободна: Македонија Џио
Прва лига (жени)
Втора фаза-2, (Второ коло)
Вардар ЕМ - Вардар жени (сабота, 14:45)
Македонија Макс – Струмица жени (вторник, 20:00)