Евроволејот стартува на први септември, Македонија чека на групата

Европското првенство (ЕП) во одбојка за мажи ќе стартува на 1 септември со по еден натпревар во две групи, додека останатите две групи ќе стартуваат еден, односно два дена подоцна.

Евроволејот ќе се отвори со натпревари во групите Ц и Д кои се играат во Тампере и Талин. Турнирот во групата А на кој домаќин е Краков ќе стартува на 2 септември, додека групата Б во чешка Острава ќе започне на 3 септември.

ЕП во одбојка вторпат во историјата ќе се игра во четири држави и ќе има шест града-домаќини: Краков, Гдањск, Катовице, Острава, Тампере и Талин. 

Македонија веќе има место на ЕП 2021 како една од најдобрите второпласирани селекции во квалификациите и чека на групата. Нашиот национален тим ќе го има второто учество по ред на големата сцена.

  • Целосната програма на Евроволеј 2021: