• Мартин Танасковски
Италија и Полска се финалистите во овогодинешното издание на Лигата на нациите во одбојка.
Италија во полуфиналето беше подобра од Словенија. Мечот понуди четири сета, а заврши со резултат 3-1 за „аѕурите“ - 25-22, 22-25, 25-21 и 25-18.
Во второто полуфинале, Полска славеше над Бразил со 3-0 и така закажа европско финале. Мечот тргна во знакот на Полјаците, имаа 28-26, па 25-18, а третиот сет заврши 25-21.
Финалето се игра на 3 август од 19:00 часот, додека мечот за третото место меѓу Бразил и Словенија е во 15:00 часот.
ФОТО: Volleyball World / Facebook