• Зоран Мишевски

Македонската одбојкарска репрезентативка Ерјона Јонузи официјално потпиша за словачкиот шампион Слован Братислава. Таа ќе настапува за словачкиот гигант во новата сезона. Во Слован Братислава доаѓа од редовите на друг словачки тим, Нове Место. Јонузи игра на позицијата техничарка.
25-годишната тетовска потпиша договор со актуелниот првак на Словачка, што е голем исчекор во нејзината кариера. Таа започна во Шкендија, а потоа градеше меѓународно искуство во Турција. Во македонското првенство го носеше дресот на Универзитетот во Тетово и Работнички, каде како капитен освои домашни трофеи. Со екипата на Работнички стекна значајно искуство во Челинџ купот и квалификациите за Лигата на шампионите.
Јонузи е стандардна членка на македонската национална селекција.