ЕП 2019: Македонија ќе биде во претпоследниот шешир заедно со Шпанија, Грција и Украина

Одбојкарските фанови во Македонија со нетрпение ја очекуваат ждрепката за групната фаза на Европското првенство, која што на 16 јануари ќе се одржи во Брисел.

Нашата репрезентација ќе биде дел од четвртиот шешир заедно со Шпанија, Украина и Грција. Домаќините на првенството, Франција, Белгија, Словенија и Холандија, ќе бидат носители на четирите групи.

Европскиот шампионат се игра од 13-29 септември, а титулата од пред две години ја брани Русија.

Според правилникот, секоја победа од 3-0 или 3-1 носи три бода и ниту еден за поразениот, а триумф од 3-2 ќе донесе два бода за победничкиот тим и еден за ривалот.