• Зоран Мишевски

Иако нема официјална потврда кога ќе започне шампионатот на Македонија во одбојка, со тренинзи на отворено и во вежбалница денес подготовките ги заполна првакот од сезоната 2018/19, Џио Струмица.
Струмичкиот клуб ќе тренира според пропишаниот протокол и ќе чека одредби од националната федерација на Македонија.
Екипата и сезонава ќе ја води Кире Ричлиев, а нови имиња се Михаилов и Милев.
За здравјето на играчите повторно лидер на медицинскиот тим ќе биде д-р Кочо Манчев. Со него ќе бидaт д-р Душан Королија и физиотерапевтот Александар Црвенковски.