Џио Струмица, Вардар и Шутова со лесни победи во одбојкарскиот шампионат

Актуелниот шампион Џио Струмица вторпат сезонава ја совлада Весна Пробиштип, а со оглед на трите порази во оваа фаза на ланскиот финалист во купот, Шутова се качи на четвртата позиција на табелата, откако очекувано славеше над Лирија. Универзитет во Тетово триумфираше над Вардар и го одбрани второто место. Немаше изненадување во Велес, каде што ГОК Борец четврти пат сезонава не освои сет против УГД Студент

Втора фаза - 4. коло
Универзитет во Тетово – Вардар 3-0 (25-20, 25-21, 25-20)
Џио Струмица – Весна Пробиштип 3-0 (25-20, 25-17, 25-19)
Шутова – Лирија 3-0 (25-13, 25-13, 25-12)
ГОК Борец – УГД Студент 0-3 (7-25, 22-25, 20-25)
Дибра волеј – Jанта волеј (утре, 19:00)

Последните две кола во Втората фаза математички можат, но реално не би требало да донесат измени на табелата. Џио Струмица како непоразен лидер ќе влезе во плеј-офот.