Џио Струмица, Универзитет Тетово и Шутова лесно до Ф4 од одбојкарскиот Куп

Џио Струмица, Универзитет во Тетово и Шутова обезбедија полуфинале во коешто многу веројатно е да биде и Вардар. Тоа значи дека четирите најдобри екипи од шампионатот влегоа во завршна трка и за Куп-пехарот.

Чeтвртфинале - возвратни натпревари (м)

Џио Струмица – УГД Студент 3-0 (25-12, 25-16, 25-14)
Весна Пробиштип – Шутова 1-3 (14:25, 25-21, 21-25, 17-25)
Универзитет во Тетово – Лирија 3-0 (25-21, 25-23, 25-17)
Вардар – Јанта волеј (денес, 17.00)

Кај дамите е нешто поинаку затоа што Пелистер волеј обезбеди полуфинале, а во лигата е шестопласиран. Работнички–Скопје исто така е меѓу четирите, јасно е дека во тоа друштво ќе бидат и одбојкарките на Работнички–Жени, а голема битка би требало да има на денешниот реванш меѓу Наковски волеј и Јанта волеј.

Чeтвртфинале - возвратни натпревари (ж)

УГД Студент – Џио Струмица 0-3 (18-25, 11-25, 18-25) 
Шутова – Весна Пробиштип 3:0 (25-7, 25-20, 25-18)
Јанта волеј – Вардар 0:3 (8-25, 16-25, 15-25)
Лирија – Универзитет во Тетово 0-3 (14-25, 13-25, 15-25)