Џио Струмица, Универзитет Тетово и Вардар прокнижија нови победи

Три натпревари се одиграа во текот на денешниот ден во одбојкарскиот шампионат на Македонија, во кои фаворитите ги оправдаа своите улоги и не дозволија да загубат ниту еден сет.

Џио Струмица беше убедлива кај Борец од Велес, додека Вардар и Универзитет Тетово на домашен терен лесно си ги завршија задачите со Дибра Волеј , односно Лирија.

  • Прва лига (мажи), 5.коло

ГОК Борец – Џио Струмица 0-3 (15-25, 21-25, 15-25)
Универзитет во Тетово – Дибра волеј 3-0 (25-8, 25-14, 25-9)
Вардар – Лирија 3-0 (25-14, 25-10, 25-21)
Штип УГД Штип – Весна Пробиштип (понеделник, 17:30)
Шкендија – Јанта волеј (понеделник, 18:00)

По ова коло, Џио Струмица и Универзитет Тетово остануваат максимални во домашното првенство.