Џио Струмица со новите засилувања го совлада Елпис Ампелокипон среде Солун

На неколку дена до почетокот на пролетниот дел на одбојкарскиот шампионат на Македонија, актуелниот освојувач на двојната круна од минатата сезона, Џио Струмица денес одигра пријателски меч со грчкиот прволигаш Елпис Ампелокипон во Солун и забележа победа од 1-3 во сетови. Струмичани со новите засилувања ќе се обидат да го превземат приматот од скопски Вардар и да ги одбранат титулите од последната сезона.

Македонските одбојкари биле далеку подобри во сите сегменти на одбојкарската игра наспроти домашниот Елпис. Грците го добија само воведниот сет, иако можеше да му припадне на струмичкиот состав. Во продолжение избраниците на Кире Ричлиев беа посконцентрирани и ги освоија следните три сета за победа (26-24, 25-27, 19-25, 21-25)

Џио Струмица пред да ги продолжи мечевите од пролетниот дел од сезоната, ќе одигра уште еден меѓународен пријателски меч против лидерот во албанскиот одбојкарски шампионат тимот на Ерзени од Драч. Натпреварот ќе се одигра во „Парк“ во Струмица.