Џио Струмица, Работнички-Скопје и Пелистер Волеј на чекор до полуфинале во Купот

Екипата на Џио Струмица, одигра нов рутински меч и походот кон одбраната на Куп титулата го продолжи со лесен триумф над УГД Студент и само формално треба да го потврди пласманот во полуфиналната фаза.

Струмичани вторпат сезонава ги совладаа штипските одбојкари, но за разлика од есенскиот дел во првенството, сега на гостински терен. Резултатот беше ист, 3-0, што значи дека на лидерот во Првата лига потребен му е само еден сет на реваншот пред своја публика за да го мине четвртфиналето. 

Во исклучително поволна ситуација, со речиси завршена работа се и Работнички-Скопје и Пелистер Волеј во женскиот куп. Составот на Работнички-Скопје без загубен сет славеше над Виктори Волеј, додека битолскиот тим со 1-3 славеше на гостувањето кај Универзитет Тетово. 
 

Четвртфинале (мажи):

УГД Студент – Џио Струмица 0-3 (18-25, 11-25, 18-25) 
Шутова – Весна Пробиштип (денес, 17:30)
Јанта волеј – Вардар (утре, 18:00)
Лирија – Универзитет во Тетово (13 март, 18:00)

Четвртфинале (жени): 

Јанта волеј – Наковски волеј 3-2 (25-18, 22-25, 20-25, 26-24, 15-12)
Универзитет во Тетово – Пелистер волеј 1-3 (23-25, 21-25, 25-13, 11-25)
Виктори волеј – Работнички Скопје 0-3 (20-25, 18-25, 19-25)
УГД Студент Жени – Работнички Жени (денес, 19:00)