Џио Струмица првпат загуби бод, но го доби дербито со Универзитет во Тетово

Одбојкарите на Џио Струмица го добија дербито на 14. коло во Првата македонска лига, откако на гостински терен го добија Универзитет од Тетово со 3-2. 

За струмичани, ова беше максимална 14-та победа во исто толку одиграни натпревари, но за прв пат сезонава не освоија максимални три бода на еден меч. Во овој неизвесен меч, Џио Струмица практично го обезбеди првото место пред разигрувањето, оставајќи ги Универзитет и Вардар со по 10-4 зад себе. 

Гостите поведоа со два сетови предност, откако ги добија првите со 25-19 и 25-22. Сепак, тетовчани успеаја да се вратат, со 25-20 и 25-18 стигнаа до израмнување, му одзедоа бод на фаворитот и најавија драма. Сепак, последниот решавачки сет му припадна на Џио кој со 15-10 го доби натпреварот. 

Најефикасен играч на натпреварот беше Симовски од Универзитет во Тетово, кој запиша 33 поени.