Џио Струмица пресилен за Лирија, шампионот ја отвори сезоната со победа

Одбојкарите на Џио Струмица со победа го стартуваа новото првенство. Во заостанатиот натпревар од првото коло, во дуел во спортската сала „Парк“, шампионот лесно ја надигра тетовска Лирија со 3-0 во сетови (25-19, 25-11, 25-13). Гостите беа рамноправни само во првиот сет, во кој освоија 19 поени.

Викендов струмички Џио ги продолжува мечевите од Првата лига. Во рамките на второто коло му гостуваат на Весна Пробиштип која пак во првото коло беше убедлива против Јанта од Скопје. 

Второ коло:
Весна Пробиштип – Џио Струмица (сабота, 18:00)
Јанта волеј – Вардар (сабота, 20:00)
Лирија – Шкендија (сабота, 19:30)
Дибра волеј – ГОК Борец (сабота, 18:00)
Универзитет во Тетово – Штип УГД Штип (понеделник, 18:00)

Џио Струмица оваа сезона освен во домашниот шампионат ќе игра и европскиот ЦЕВ Куп. Идниот месец во Кипар ќе ги одигра двата натпревари против Омонија.