Џио Струмица одбраната на титулата ја започна со лесен триумф во Штип

Во петокот почна првенството на Македонија во одбојка за мажи. Вчера во Штип, шампионот Џио Струмица одбраната на двојната круна ја почна со лесна победа. Струмичани славеа на гостувањето во Штип против УГД Студент со 0-3 во сетови (16-25, 15-25, 20-25).

Шампионите немаа тешка задача против домашниот состав кој се обидуваше на своето конто да освои повеќе поени, а не и сериозно да заигра и да му се спротистави на Џио Струмица. 

Прво коло:
Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово 0-3
Шкендија – Дибра волеј 
УГД Студент – Џио Струмица 0-3 (16-25, 15-25, 20-25)
Лирија – Вардар (понеделник, 19:00)
Слободен: ГОК Борец

Следното коло дерби дуелот го играат Џио Струмица и Весна Пробиштип.