Џио Струмица од Штип ќе ја започне одбраната на Куп титулата 

Одбојкарската федерација на Македонија го одреди четвртфиналните двојки од националниот куп. На ждрепката екипите и во машка и во женска конкуренција беа поделени во два квалитативни сада според пласманот во првенството. 

Во оваа натпреварувачка фаза ќе бидат одиграни два меча, со напомена дека тимовите со подобар рејтинг ќе ја имаат предноста на домашен терен во реваншите. 

Кај мажите најинтересно треба да биде во соочувањето на Шутова и на ланскиот финалист Весна Пробиштип, додека бранителот на титулата Џио Струмица ќе гостува кај УГД Студент во Штип. Кај дамите неизвесен двомеч се очекува меѓу актуелниот првак Јанта волеј и третопласираниот состав во лигата Наковски волеј.

Четвртфинални двојки во машка конкуренција: 

УГД Студент – Џио Струмица (утре, 18:00)

Шутова – Весна Пробиштип (четврток, 17:30)

Јанта волеј – Вардар (петок, 18:00)

Лирија – Универзитет во Тетово (13.март, 18:00)

Четвртфинални двојки во женска конкуренција: 

Јанта волеј – Наковски волеј (утре, 20:00)

Универзитет во Тетово – Пелистер волеј (утре, 19:30)

Виктори волеј – Работнички Скопје (утре, 17:00)

УГД Студент Жени – Работнички Жени (четврток, 19:00)