Џио Струмица нема да игра реванш, порано си оди од Никозија

Џио Струмица доживеа пораз во првиот натпревар од Омонија во рамки на Челинџ купот на ЦЕВ, а овие два тима нема да го играат предвидениот реванш за два дена затоа што здравствената криза го „избрка“ македонскиот претставник од Кипар

Освојувачот на двојната круна загуби со 0-3 во сетови (20-25, 19-25, 18-25) во првиот натпревар, но со оглед што поради здравствената криза, солунскиот аеродром ќе биде затворен, а реваншот закажан точно напладне, воопшто нема да се игра.

Струмичките одбојкари се принудени порано да ја напуштат Никозија, а тоа значи дека Омонија ќе оди во наредната фаза. Доколку постоеше реванш, на Џио Струмица ќе и беше потребна каква било победа, а потоа и успех во „златниот сет“, но со оглед на целата ситуација, пропадна и таа минимална шанса за македонскиот претставник.

Омонија во наредната фаза најверојатно ќе се сретне со турскиот тим Зират банка од Анкара