Џио Струмица налета на Шутова, Наковски волеј единствен фаворит во Куп-полуфиналето

Полуфиналната ждрепка во Купот на Македонија донесе три дерби средби и дуел во кој една од екипите има изразита фаворитска улога.

Во женска конкуренција среќа немаа двата тима од Скопје, Работнички - Жени и Работнички - Скопје кои ќе мора меѓусебе да решаваат на патот до финалето. Голем фаворит за пласман во завршниот натпревар е Накова волеј која ќе ги одмери силите со Пелистер волеј. Клубот од Струмица ги доби сите три сезонски дуели против битолчанки, па оправдано ќе ја имаат предноста на овој меч.

ПОЛУФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ) – ЖЕНИ
Пелистер волеј – Наковски волеј
Работнички Жени – Работнички Скопје

Кај мажите, Џио Струмица ќе се сретне со Шутова во меч од кој се очекува голема борба и неизвесност. Другиот полуфинален пар го сочинуваат Вардар и Универзитет во Тетово.

ПОЛУФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ) – МАЖИ
Вардар – Универзитет во Тетово
Џио Струмица – Шутова

Првите полуфинални натпревари се закажани за 3 април, а реваншите една недела подоцна.