Џио Струмица и Вардар добија тешки противници во ЦЕВ Челинџ Купот

Македонските претставници во ЦЕВ Челинџ Купот во машка конкуренција, Џио Струмица и Вардар ги добија противниците за 1/16-финалето во ова натпреварување.

Двете најдобри одбојакрски колективи во нашата држава пред себе ќе имаат сериозни противници, кои доаѓаат од Словенија и Кипар. Вардар за осминафинале ќе се бори против Камник од Словенија, додека струмичкиот тим ќе се сретне со кипарска Омонија.

Доколку распоредот не претрпе промени, првите средби треба да се одиграат во периодот од 8 до 10 октомври, додека одлучувачките дуели ќе се одиграат меѓу 13 и 15 октомври.