Џио Струмица го доби дербито и без пораз ја заврши полусезоната

Џио Струмица покажа дека е најквалитетна екипа во македонската одбојка и со победа без загубен сет во дербито со Универзитет Тетово (25-23, 25-22, 25-22) го запечати првото место за оваа полусезона.

Струмичани видоа мака само во првиот сет, кога губеа пред крајот, ама со серија од седум поени во низа дојдоа до предност од 1-0. Во вториот и во третиот сет, екипата на Универзитет Тетово ниту еднаш немаше предност, па мечот заврши во корист на домашните.

Џио Струмица, Универзитет Тетово, Вардар од Скопје и Борец од Велес се четирите екипи кои одат во наредната фаза, а потоа ќе играат и за титула.

Деветто коло:
Вардар – ГОК Борец 3-0 (25-19, 25-19, 25-18)
Универзитет во Тетово – Шкендија 3-1 (26-28, 25-18, 25-18, 25-18)
Штип УГД Штип – Јанта волеј 3-0 (25-20, 25-18, 25-17)
Лирија – Весна Пробиштип 3-0 (25-20, 25-17, 25-12)
Дибра волеј – Џио Струмица 0-3 (14-25, 11-25, 9-25)

Осмо коло:
Џио Струмица – Универзитет во Тетово 3-0 (25-23, 25-22, 25-22)