Џио Струмица е старо-нов шампион на Македонија, Шутова без сили за изненадување

Бранителот на титулата во одбојкарскиот шампионат на Македонија, Џио Струмица, ја доби финалната серија против Шутова со убедливи 3-0 (25-23, 25-22, 25-17) и стигна до седмиот шампионски трофеј во својата историја. Ова е седма титула во историјата за доминаторот во последната деценија во македонската клупска одбојка. За Џио Струмица ова шеста двојна титула, а на вечната листа недостижен е Работнички, кој има 15 шампионски титули.

Големиот фаворит ја одбрани двојната титула освоена минатата сезона, откако денес беше подобар од својот противник во вториот меѓусебен меч во големото финале. Кичевчани беа немоќни на денешната средба и немаа сили за враќање на неизвесноста во серијата.

Славе Наков со 11, Стојан Илиев и Ристе Николов со по десет поени беа најдобри поединци во струмичкиот табор, а Украинецот Азаров со 16 и Србинот Суботиќ со 11 поени се издвоија во поразениот тим од Кичево.

14-те поени од сервис и блок, шест повеќе од својот противник на тимот на Струмица му донесоа превласт која подоцна беше преточена во победа. Ниту средниот блокер на Шутова, Ѓоко Јосифов не им помогна на одбојкарите на Шутова да приредат изненадување. 

Поради тоа мораа да му пуштат рака на ривалот од Струмица и да му го честитаат новиот успех во домашното првенство.