Џио Струмица домаќин на Балканскиот Куп, познати четирите противници

Шампионот на Македонија во одбојка Џио Струмица пријави учество во Балканскиот Куп. Струмичани денес ги дознаа противниците за ова турнирско натпреварување кое ќе се одржи при крајот на септември во спортската сала „Парк“ во Струмица.

Пријавени се вкупно пет екипи од Србија, Косово, Турција, Босна и Македонија, а освен тимот на Џио Струмица во овој регионален Куп учество ќе земат и екипите на Млади Радник од Пожаревац (Србија), Токат од Истанбул (Турција), Борац од Босна и Херцеговина и екипата на Приштина од Косово

Последниот викенд од месец септември е предвиден за ова натпреварување. Засега не се знае каков ќе биде системот на натпревари за Балканскиот Куп, но најдобриот тим ќе обезбеди учество во европскиот Челинџ Куп на ЦЕВ.