Џио Струмица без загубен сет го исфрли Вардар и ќе игра Куп-финале

Џио Струмица убедливо го реши Вардар (3-0) и се пласира во финалето на одбојкарскиот Куп на Македонија. Скопјани немаа сили за никакво изненадување, па струмичката екипа лесно се справи со ривалот и победи без загубен сет. 

Во воведниот, со 25-14 Џио најави дека не се шегува и дека ќе оди по осма титула. Вардар немаше сили да парира, па го загуби и вториот сет со 25-17. Последниот иако тргна изедначено, струмичани лесно дојдоа до висока предност и на крајот ја искористија првата од осумте меч-топки за триумф. 

Најефикасни играчи на натпреварот беа Марјан Урдов и Ристо Николов од Џио Струмица со по 11 поени, додека кај Вардар десет постигна Динковски. 

Финалето против Универзитет во Тетото ќе се одигра в недела од 18:00 часот.