• Зоран Мишевски
Иако до крајот на основниот тек од сезоната има уште едно коло, веќе се познати полуфиналните двојки во разигрувањето од женскиот одбојкарски шампионат на Македонија.
Струмица жени и Јанта волеј уште претходно ги обезбедија првото и второто место на табелата, а по дербитo од петтото коло во Втората фаза-1, Работнички Скопје е сигурно трет, а Наковски волеј четврти. Тоа значи дека во полуфиналето до две победи, односно со најмногу три средби, ќе има еден струмички и еден скопски дуел.
Поради подобриот ефект во досегашниот дел од сезоната (18-1), екипата на Струмица жени ќе ја има предноста на домашен терен против Наковски волеј кој забележа десет триумфи на девтнаесет натпревари.
Во сочувањето на составите од главниот град, бранителките на двојната круна, одбојкарките на Работнички Скопје, ќе почнат на гости во серијата со Јанта волеј кој има ефект 13-6. Вчерашниот успех во Струмица против Наковски волеј беше единаесетти за Работнички Скопје.