Две тренинг сесии дневно, одбојкарите одработуваат според планот

Кога ќе ги замените скопските 35 степени со 20-тина на Маврово, уште од старт сте направиле голема работа. Македонските одбојкари во Скопје ја одработија првата фаза, а на Маврово работат во втората во која селекторот Матијашевиќ ќе ги постави и тактички-техничките детали пред Европското првенство.

Иако има уште многу до големиот собир, одбојкарите и повеќе од сериозно си ја сфатиле работата. Две тренинг сесии дневно, скоро комплетен ростер и одлична клима пред августовските турнири и контролни натпревари.

Водени од капитенот Никола Ѓорѓиев нашите одбојкари секојдневно учат нови детали за нашите пет противници во Љубљана, а целта секако е натпревар по натпревар скапо да ја продадеме кожата.

До дебито со Финска останаа уште шест недели – доволно заедно со одбојкарите целата нација да пулсира во Словенија.