Двајца македонски одбојкари во изолација, чекаат на ковид-тестови

Македонската одбојкарска репрезентација загуби во три сета од Холандија, а по натпреварот, на јавниот национален сервис се сподели информација дека двајца репрезентативци се во изолација.

На мечот против „лалињата“ македонскиот ростер беше пократок за Васе Михаилов и Стојан Илиев. Двајцата се во изолација и се чекаат корона-тестовите, па по нив ќе биде појасно каква ќе биде нивната судбина на ова ЕП.

Македонија на стартот доживеа два порази, а покрај од Холандија загуби и од Финска. Следниот дуел е в недела, од 13:00 часот, кога нашиот национален тим се соочува со изненадувањето во групата Турција.