Доминиканска одбојкарка позитивна на допинг, користела диуретик за полесно мокрење

Зачестија допинг-случаите на Летните Олимписки Игри во Париз. Одбојкарката на репрезентација на Доминиканската република, Лисвел Еве Мехија е позитивна на допинг тест, и веќе е отстранета е од тимот. 32-годишната одбојкарка ризикува четиригодишна суспензија.

Мехија беше позитивна на допинг тест за време на Лигата на нации во 2024 година, а резултатите стигнаа пред почетокот на олимпискиот турнир. 

Докторот на доминиканскиот тим, Виктор Фигуероа, изјави дека според Доминиканскиот олимписки комитет, забранетата супстанција фуросемид во телото на одбојкарката, доаѓа од диуретик. Одбојкарката призна дека го внесувала лекот за полесно мокрење.