• Мартин Танасковски

Одбојкарската репрезентација на Македонија на домашен терен игра Европско првенство (ЕП), а има шанса да се пласира меѓу шеснаесетте најдобри селекции на Стариот континент ако ја победи Црна Гора (20:00 часот).
Стартната победа над Данска им даде крила на одбојкарите, пред најважниот дуел во групата. Пред да играме со големите фаворити, ни следи натпревар против Црногорците, кои, ако Македонија успее да ги победи, ќе дојде до одбојкарска историја и ќе игра во нокаут-рундата во Бари, Италија.
Во последната деценија одбојкарите знаеле како да ја победат Црна Гора. Пред мечот во кој нашиот национален тим е фаворит на хартија затоа што го има домашниот терен и публиката, од 2013 година па наваму Македонија и Црна Гора се судрија четири пати, а „Спартанците“ победија трипати, наспроти еден триумф на Црногорците.
Последното соочување беше во 2021 година, во пријателски дуел, кога Македонија победи со 3-0 во сетови. Време е за одбојкарска историја! Сега, или којзнае кога пак.