• Мартин Танасковски
Женската селекција на Македонија продолжи со подготовките за настапот во квалификациите за Европското првенство (ЕП). Следен предизвик ќе биде Грција, за кој говореше Мила Дикова.
„Во првиот меч со Австрија загубивме со 0-3, иако покажавме добра игра не го постигнавме посакуваниот резултат. Во изминатите денови работиме, гледаме видеа, правиме анализа и се подготвуваме за Грција. Се надевам дека ќе се покажеме во многу подобро светло. Се надеваме на таа победа и на добар резулат, апетитите ни растат и се надеваме на поддршка“, изјави Дикова.
Натпреварот меѓу Грција и Македонија се игра на гостински терен во среда.